Бруто плата – Промена на Код за идентификација

Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници – подносители на месечна пресметка за интегрирана наплата на социјални придонеси, персонален данок и плата (МПИН пресметка) дека во периодот од 08.06.2015 година до 04.07.2015 година секој обврзник задолжително треба да направи промена на својот код за идентификација и истиот да го инсталираат на својот комјутер.
НАПОМЕНА: Ако до 04.07.2015 година обврзниците не го обноват својот код за идентификација, нивните МПИН пресметки нема да може да бидат обработени.

Даночните обврзници – подносители на МПИН пресметка, за да можат да поднесат пресметка (криптиран/потпишан *.crp фајл) до Управата за јавни приходи, потребно е на своите комјутери да имаат инсталирано:

• .NET Framework 1.1;
• Клиентски софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок;
• Јавен клуч на Управата за јавни приходи;
• Код за идентификација на обврзникот (приватен клуч) кој УЈП го издава за секој обврзник.

Постапка за промена на кодот за идентификација

За цели на промена на кодот на идентификација за поднесување на МПИН пресметки, задолжително треба да се поднесе „Барање за издавање на код за идентификација“ (образец “БКИ-ИН“) до надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи, најдоцна до 04.07.2015 година.
За да го преземете образецот “БКИ-ИН“ кликнете на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/82 или побарајте го во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.
Врз основа на Барањето “БКИ-ИН“, на обврзникот ќе му биде доделен нов код за идентификација (на преносен медиум, USB флеш меморија или флопи дискета).
Начинот на инсталација на новиот код за идентификација е опишан во видеото “Инсталација на код за идентификација” објавено на http://www.ujp.gov.mk/mk/kampanji/category/774

НАПОМЕНА: За обврзниците кои се администрираат од Регионална дирекција Скопје, поднесувањето на Барањето “БКИ-ИН“ и доделувањето на Кодот за идентификација, ќе се врши во просториите на Регионалната дирекција Скопје и Контакт центарот на УЈП.

Начин на употреба на Стар/Нов код за идентификација

Поими:
Стар код за идентификација се подразбира код за идентификација во системот за интегрирана наплата кој е генериран и издаден на обврзаникот пред 08.06.2015 година.
Нов код за идентификација се подразбира код за идентификација во системот за интегрирана наплата кој е генериран и издаден на обврзаникот по 08.06.2015 година.
Нов јавен клуч на Управата за јавни приходи е јавниот клуч на Управата за јавни приходи кој ќе може да се превземе од веб страницата на Управата за јавни приходи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/82, а кој може да се користи од 08.06.2015 година.

Во периодот од 08.06.2015 година до 04.07.2015 година, како и пред или после овој период, обврзниците ги имаат следниве можности за употреба на Стар/Нов код за идентификација:

Период Примена со:
пред 08.06.2015 Начин на примена 1: Стар код за идентификација
од 08.06.2015 до 04.07.2015 • Начин на примена 2 : Стар код за идентификација, со нов јавен клуч на УЈП
• Начин на примена 3: Нов код за идентификација со нов јавен клуч на УЈП
од 05.07.2015 година Начин на примена 3: Нов код за идентификација со нов јавен клуч на УЈП

Начин на примена 1: Стар код за идентификација
Нема потреба од дополнителна инсталација.

Начин на примена 2: Стар код за идентификација, со нов јавен клуч на УЈП
Потребно ќе биде само да го инсталираат новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи кој се презема преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/82, а кој може да се користи од 08.06.2015 година.

Начин на примена 3: Нов код за идентификација со нов јавен клуч на УЈП
Секој обврзник кој започнувајќи од 08.06.2015 година ќе го обнови својот код за идентификација ќе ги добие двата клуча, својот код за идентификација и новиот јавен клуч на УЈП и истите, по инсталација на компјутерот ќе може веднаш да ги користи за поднесување на МПИН пресметки.
Обновата се врши во согласност со постапката која е опишана погоре во делот: Постапка за промена на кодот за идентификација.

Check Also

НАЈАВА ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ БР.2/2018-8 ЧАСА МЕСЕЦ АПР – МАЈ ЕДНОДНЕВНА ПРОГРАМСКА ЕДУКАЦИЈА

Ве информираме дека ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС, како акредитирано друштво за КПУ, најавува еднодневно Континуирано Профeсионално Усовршување Бр.2/2018-8 КПУ часа во месец Април и Мај 2018 година, со следниот распоред:

Виница Хотел “Александар Парк” 26.IV.2018
Гостивар Хотел “Бунар” 02. V.2018
Скопје Хотел “Континентал” Сала “Клуб Фонтана” 03. V.2018
Битола Хотел “Епинал” 04. V.2018
Охрид Хотел “Милениум Палас” 07. V.2018
Струмица Хотел “Вила Парк” 08. V.2018
Португалија Хотел “Praia” Назаре и Хотел “Marriott” Лисабон 10-15.V.2018