Дополнителни мерки во борба против КОВИД19

Почитувани,

Ве информираме дека на 29-та седница на Владата на РСМ донесени се дополнителни мерки во борба против КОВИД 19.

  1. Проширување на забраната за движење за време на викендите за земјоделците

Поради сезоната на земојделски работи, особено во градинарските култури , Владата во делот на исклучување на земјоделците од сите донесени одлуки, појасни дека во врска со Одлуката од 28-та седница за проширување на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот, допрецизира дека одлукатѕа се однесува на земјоделци што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период.

Земјоделците, фармерките, сточарите и други земјоделски работници, можат преку подрачните единици на МЗШВ на РСМ, да се пријават за добивање дозвола за движење. МЗШВ преку МИО истите ќе ги издаде на барателите.

  1. Донесена Одлука за дополнување на Одлуката за укинување на увозна давачка- царинска стапка за потрошен медицински материјал , и за лекот „хлорокин” (chloroquine).

 Насоки за обезбедување координиран пристам во идентификација и пренасочување на доспатна билатерална помош

       Владата ги задолжи органите на државната управа кои добивата помош од билатерални донатори итно да го известат Секретаријатот за европски прашања за висината на средствата  кои постојат на располагање за секој од проектите. СЕП е должен да достави формално барање до билатералните донатори за примена на средствата за справување на КОВИД 19, согласно утврдени приоритетни потреби.

  1. Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште

            Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште , во која роковите кои се определени со Законот за земјоделското земјиште за донесување одлука по отпочнатите постапки со прибирање понуди кои истекуваат за време на траењето на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и почнуваат одново да течат по истекот на траењето на вонредната состојба.

– По истекот на траењето на вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во отпочнатите постапки за прибирање на понуди за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари ќе се врши по Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште кое може да се даде во закуп.

  1. Национална платформа за е-настава

Министерството за образование инфорираше за поставувањето на Националната платформа за е-настава, која се користи во образовниот процес за време на вонредна состојба. Исто така информираше дека работат на решение за учениците кои немаат пристап до интернет.

  1. Усвоена Информацијата за извршени инспекциски надзо5ри со Извештаи за 24 и 25 Март 2020 година.

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …