ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.108/20 објавена е  Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на траење на вонредната состојба.
Со дополнувањето на Уредбата се утврдува рокот за поднесување на даночната пријава на Данокот на додадена вредност која се поднесува на “ДДВ-04” и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година, за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година, за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година и за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 и тоа:

1) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на ОБРАЗЕЦОТ „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.

2) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на ОБРАЗЕЦОТ „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.

3) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на ОБРАЗЕЦОТ „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.

4) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на ОБРАЗЕЦОТ „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 31 мај 2020 година.

ПРИЛОГ: УРЕДБА

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …