Забрана за плаќање на стоки и услуги

Соглсно новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е објавен во “Службен весник на РМ” 120/2018 година, во член 48 е пропишано дека од 07 јули 2018 година, се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 ЕУР или повеќе во денарска противвредност), во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Во член 182 од Законот е пропишано дека:

  • од 01.01.2019 година забраната важи за плаќање со готовина од 1.000 ЕУР или повеќе;
  • од 01.06.2019 година забраната важи  за плаќање со готовина од 500 ЕУР или повеќе.

Check Also

Обврска за регистрација во Е-ПДД системот за досега нерегистрирани физички лица

Обврска за регистрација во системот на е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот …