ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА АКЦИЗА

Со измените и дополнувања во Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ 171/2017 и Правилникот за спроведување на законот за акцизите („Службен весник на РМ“ 180/2017), од 01.01.2018 година, се зголемува акцизата на гасното масло од тарифните ознаки: 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 за 3 (три) денари, по литар.

Со наведеното зголемување износот на акциза за маслото со намена за погонско гориво ќе изнесува 15,121 денари/литар, а како за гориво за греење 6,136 денари/литар.

Трговецот на големо и трговецот на мало со минерални масла се должни на 01.01.2018 година да извршат попис на затечените залихи на минералните масла, да подготват записник за извршениот попис и да го поднесат до Царинската управа, но не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис (најкасно на 09.01.2018).

Плаќањето на разликата во акцизата од страна на акцизните обврзници се врши со поднесување на акцизна пријава АКЦ-ДАММ најдоцна во рок од 30 дена од денот на зголемување на акцизата, односно до 30.01.2018 година.

За водење на евиденции за затекнатите залихи, односно за извршениот попис, треба да се обезбедат следните податоци:

– попис на затечени залихи на минерални масла во склад за трговија на големо, одделно по вид и количина во резервоарите, вклучително и затечените количини во транспортните средства – цистерни и

– попис на затечени залихи на минерални масла во бензинските станици за малопродажба одделно по вид и количина за секој резервоар поединечно, вклучително и затечените количини во транспортните средства – цистерни.

За неисполнување на обврските се пропишани и прекршочни одредби, и тоа глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на даночниот обврзник правно лице и трговец поединец ако не направи попис и не подготви записник на затечени залихи на минерални масла на 01 јануари 2018 година и не го достави во рок од пет работни дена до Царинската управа, како и ако не поднесе акцизна пријава и не ја плати разликата во акцизата, при зголемување на акцизата на минерални масла.

Check Also

Објава за нова висина на минимална плата

Министерството за труд и социјална политика ја објави висината на минимална плата во РМ (“Службен …