Известување на УЈП за давање финансиска помош на работодавачите за исплата на минимална плата

Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска помош за исплата на минимална плата за месец септември 2017 до месец август 2018 година.

Износ на финансиска помош
Финансиската помош се обезбедува за период од месец септември 2017 до месец февруари 2018 година во следните износи:
– 2.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил до 10.000 денари;
– 1.500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената нето плата за овој период им бил помеѓу 10.001 и 10.500 денари;
– 1.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 10.501 и 11.000 денари и
– 500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 11.001 и 11.500 денари.
Финансиската помош за исплата на минималната плата за месец март 2018 до месец август 2018 година, изнесува 50% од наведените износи.

Види повеке на следниот линк.

 

Check Also

Податоци за плата за месец Септември 2018 година

Во прилог податоци за плата за месец Септември 2018 година. Податоци за плата за Септември …