Известување од Институтот на сметководители и овластени сметководители

Почитувани,

Ве информираме дека Сметководителите и овластените сметководители кои се стекнале со Лиценца од страна на Министерството за финансии и овластените ревизори врз основа на Јавниот повик број 001/16 од 07.09.2016 година, најкасно до 10.10.2016 година задолжително се пријавуваат за издавање Лиценца од страна на Институтот.

 

Јавен повик за достава на документација 001/16 од 07.09.2016 година

Во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија и во согласност со одлука од 30.08.2016 година објавува јавен повик за доставување документација за уверение за сметководител и овластен сметководител за лицата кои имаат стекнато статус на сметководител или овластен сметководител согласно закон и поседуваат уверение издадено од Министерството за финансии. Повикот за достава на документација трае до 10.10.2016 година.

Во прилог до Институтот потребно е да се достават:

1) уверение за овластен сметководител односно сметко-водител издадено од Министерството за финансии (во оригинал или копија заверена на нотар)  и
2) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение

Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138
Депонент:  Прокредит Банка
Цел на дознака: уплата за надоместок
Износ: 1000,00 ден.

 

Лицето кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител со достава на следната документација :

1) лиценца за овластен ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар) и
2) доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител.

Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138
Депонент:  Прокредит Банка
Цел на дознака: уплата за надоместок
Износ: 1000,00 ден.

Документите потребно е да се достават по пошта на адреса и да содржат контакт или електронска пошта:

Институт на сметководители и овластени сметководите-ли, ул.Ѓуро Стругар бр.5 (зграда Технометал Вардар) кат 1, лок 132/133, За јавен повик за достава на документација 001/2016

За дополнителни информации контактирајте не на нашата електронска пошта info@smetkovoditel.mk

 

Check Also

Коефициент за МДБ за Април 2018 година

Врз основа на член 44 од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на Р …