Известување од УЈП во врска со поднесување на ДДВ пријава

Во текот на месец Април покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ обврзници се одвиваат активности за поставување на предпополнета Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на корисничките профили на даночните обврзници (физички лица). Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци.

За таа цел од Управата за јавни приходи апелираме до сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници да ја поднесат Пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.04.2019 година

Check Also

Цени на горива објавени во 2019 година

Највисоки малопродажни цени 02.04.2019 година (ЕУРО СУПЕР) БС  – 95            …