ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД УЈП ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДЛД-ДБ” И “Б” ЗА 2019 ГОДИНА ЗА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ И САМОСТОЈНИ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ

Обврзникот на данок на доход регистриран како трговец-поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Законот за данокот на личен доход, до Управата за јавни приходи доставува Годишниот даночен биланс (образец “ДЛД-ДБ”) и Билансот на приходи и расходи (образец “Б”) .

Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март

Од страна на Управата за јавни приходи во текот на месец Февруари 2020 година планирано е одржување на обуки за начинот на поднесување на Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б”, за кои пријавувањето е во тек.
Заинтересираните учесници може да се пријават кај контакт лицето назначено за Регионалната дирекција која Ве администрира како даночен обврзник.
За терминот и местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени од страна на службено лице од Управата за јавни приходи.

Корисни информации:
– “ДЛД -ДБ” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/207)
– “Б” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/214)

Check Also

ВИСИНА НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 89/2020 објави Уредба со законска сила …