Издавање фактура без печат

Согласно измените на член 53 став 10  од Законот за данокот на додадена вредност  (Службен весник на РМ 44/99… 225/15), почнувајќи од 01.01.2016 година, фактурите ќе се издаваат со име и презиме на овластениот потписник и негов потпис, за остварување на правото на одбивка на претходен ДДВ. Печатот повеќе не претставува задолжителен елемент за остварување на правото на одбивка на претходниот ДДВ содржан во влезните фактури.

Печатот може да биде аплициран, но не е од значение за остварување на правото на одбивка на претходниот ДДВ.

Субјектите кои што аплицирале и добиел одобрение од УЈП, можат наместо потпис да пелатат факсимил со името и презимето на овластениот потписник.

Потписник на фактурите може да биде законскиот застапник – управителот на друштвото регистриран како управител од тековна состојба во ЦРМ или овластено лице од страна на управителот. Овластеното лице од страна на управителот немора да поседува нотарско заверено овластување, туку тоа се врши врз основа на сопствено издадено овластување потпишано од страна на законскиот застапник – управителот.

Сите фактури кои што нема да ги имаат наведените обележја на полно име и презиме на управителот, односно овластеното лице и негов потпис (факсимил, по одобрение од УЈП), ќе се сметаат за неуредни фактури од кои неможе да се изврши одбивка на претходен ДДВ.

Согласно одредбите на член 60 став 1 точка 5 од Законот за ДДВ е предвидена глоба во износ од 2.500 ЕУР во денарска противвредност за неуредно издавање фактури, односно глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за издавање неуредни фактури.

За прекршокот од став 1 на член 60 од ЗДДВ, на физичко лице-даночен обврзник ќе му се изрече глоба во износ од 250 до 375 евра во денарска противвредност.

Одредба од  член 53 став 10 со кој се пропишани задолжителни податоци кои треба да ги содржи фактурата.

Член 53

Став 10

Фактурата мора да ги содржи следните податоци:

  1. Место, дата на издавање и број;
  2. Име (назив) и адреса на даночниот обврзник кој го извршува прометот и негов даночен број под кој е регистриран за данок на додадена вредност;
  3. Име (назив) и адреса на примателот на доброто или корисникот на услугата;
  4. Ден на извршениот промет;
  5. Количина и опис на прометот;
  6. Износ на надоместокот за извршениот промет, без данокот на додадена вредност;
  7. Применета даночна стапка;
  8. Износ на пресметаниот данок на додадена вредност;
  9. Вкупен износ на надоместокот за извршениот промет и данокот на додадена вредност и
  10. Потпис и печат на издавачот на фактурата.**се применува до 31.12.2015 година
    10. Име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата.***се применува од 01.01.2016 година

Check Also

Објава за нова висина на минимална плата

Министерството за труд и социјална политика ја објави висината на минимална плата во РМ (“Службен …