Измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи кои измени стапија во сила од 01.05.2020 година

Во “Службен весник на РСМ” 113/2020 се објави измената и дополнувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи кои измени стапија во сила од 01.05.2020 година.

Согласно измената и дополнувањето на Уредбата, работодавачот кој одјавил работник од задолжителното социјално осигурување во период од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, може да склучи спогодба за враќање на работа.

Со спогодбата, работодавчот се обврзува да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжителното социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.

Пријавувањето во системот за задолжително социјално осигурување на работникот вратен на работа со спогодба за враќање, во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се врши најдоцна до 7 мај 2020 година.

 Доколку работникот не ја потпише спогодбата за враќање на работа, работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија најдоцна до 7 мај 2020 година.

Уредбата за измена и дополнување на Уредатата со законска сила за примена на Законот за  работните односи стапува во сила од 01 мај 2020 година.

Прилог: Дополнување на Уредбата за примена на Законот за работни односи во време на вонредна состојба

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …