Измена во законот за трговија

Во (“Службен весник на РМ” 120/2018 од 07.07.2018 година), се објавија измените во Законот, кои се однесуваат на укинување на забраните и ограничувањата во продажбата на алкохолни пијалоци.

Согласно оваа измена:

  • се укинува одредбата за ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци, (после 19,00 часот во зимски период, а после 21,00 часот во летниот период), односно истите можат да се продаваат без временско ограничување.
  • во продажните објекти немора да има посебно издвоен дел кој е соодветно обезбеден.
  • за продажба на алкохолни пијалоци и понатаму е потребна лиценца, но трговецот немора да ја доставува изјавата за исполнетост на минимално – техничките услови за продажба на алкохол.
  • алкохолните пијалоци може да се продаваат и во киосци
  • останува забраната за продажба на бензинските станици и продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на лица под 18 години.

Check Also

Обврска за доставување на тромесечни извештаи за јавните претпријатија

Согласно измената на член 5 од Законот за јавни претпријатија, објавени во “Службен весник на …