Измена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во вонредна состојба

  • Парична помош за сите невработени со прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 26 мај 2020 година ја донесе Уредбата за измена на Законот за вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност ( „Службен весник на РСМ” бр.89/20) со која е уредено дека сите работници кои поради Коронавирусот COVID-19 и финансиските проблеми на компаниите, останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат да побараат парична подршка во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Во Уредбата е предвидено дека сите работници кои го прекинале работниот однос врз основа на спогодба, отказ од работодавачот или лична изјава, во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.

Паричниот надоместок кој ќе се исплатува е во висина од 50% од месечната нето плата на работникот исплатена во последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена во последниот месец.

  • За месец Мај изнесува:  (26.422,00 x 80% = 19.538,00  денари)

За да добие паричен надоместок, секое невработено лице треба да достави барање во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на новата Уредба, до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. ( до 26 јуни 2020 година).

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …