Close-up of payment machine while human hand keeping plastic card in it

ИЗМЕНИ ВО ОДРЕДБИТЕ НА УРЕДБАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНИ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ НАМЕНЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ

Во Службен весник на РСМ бр. 169/2020 година се објави и стапи во сила измената и дополнувањето на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр. 137/20, 147/20, 151/20, 156/20 и 157/20).
Измените и допонувањането на Уредбата се однесува на членот 6 од Уредбата во кој се наведува начинот на пропишување на нови услови кои треба да ги исполнат правните и физички лица кои вршат стопанска дејност во објектите за трговија.
Правните и физички лица вршители на стопанска дејност од Прилогот број 1 на оваа уредба со законска сила, во објектите за трговија на мало должни се да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и сл. со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила.
Доколку во објектите за трговија на мало не постои можност за издвојување на македонските производи на посебно обележани рафтови, гондоли и сл., како и ако со издвојувањето се нарушува нивниот квалитет, целовитост, рок на употреба и сл., македонските производи должни се да ги означат со видна ознака/етикета/налепница “КУПУВАМ ДОМАШНО” заради нивно лесно препознавање.
За прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија во фискалната сметка за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.
Прометот на производи и услуги кои не се опфатени со оваа уредба со законска сила не може да се плаќа со домашната платежна картичка.
Правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат он-лине продажба преку интернет страници должни се на страницата посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер “КУПУВАМ ДОМАШНО” согласно оваа уредба со законска сила.
Правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат он-лине продажба преку интернет страници, на интернет страницата за он-лине продажба, должни се да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страната за плаќање со која ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката “КУПУВАМ ДОМАШНО”.

Со измените се пропиша нов Прилог 1 – Дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка, кој е составен дел од измената на Уредбата со законска сила.

55 Објекти за сместување
55.10 Хотели и слични објекти за сместување (МСС код: 7011; 3509)
55.20 Одморалишта и останати објекти за пократок престој (МСС код: 7011; 6513)
55.30 Кампови, автокампови и простори за кампирање (МСС код: 7011; 6513)
55.90 Друг вид на сместување (МСС код: 7011; 6513)
56 Дејности за подготовка на оброци и служење на џрана
56.10 Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на џрана (МСС код: 5812; 5814)
56.21 Услуги на доставување на џрана и пијалаци за посебни прилики (кетеринг) (МСС код: 5811; 5812)
56.29 Останати услуги за подготвување и служење на џрана (МСС код: 5811; 5812)
56.30 Подготовка и послужување на пијалаци (МСС код: 5813)
79 Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и
дејностите поврзани со нив
79.11 Дејности на туристичките агенции (МСС код: 4722)
79.12 Дејности на организаторите на патувања (туроператори) (МСС код: 4722)
79.90 Останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив (МСС код: 4722)
47 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли
47.11 Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со џрана, пијалаци и тутун
(МСС код: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.19 Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.21 Трговија на мало со овошје и зеленчук во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5311; 5993; 5499)
47.22 Трговија на мало со месо и производи од месо во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.23 Трговија на мало со риби, лушпари и мекотели во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.24 Трговија на мало со леб, печива, колачи и слатки во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5441; 5462)
47.25 Трговија на мало со пијалаци во специјализирани продавници (МСС код: 5921)
47.29 Друга трговија на мало со џрана во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5499)
47.51 Трговија на мало со текстил во специјализирани продавници (МСС код: 5697, 5699)
47.59 Трговија на мало со мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинствата,
во специјализирани продавници (МСС код: 5712,5719)
47.61 Трговија на мало со книги во специјализирани продавници (МСС код: 5942)
47.64 Трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници (МСС код: 5941,5655)
47.71 Трговија на мало со облека во специјализирани продавници (МСС код: 5611, 5651, 5691, 5621, 5699, 5641,5655)
47.72 Трговија на мало со обувки и предмети од кожа во специјализирани продавници (МСС код: 5661)
47.73 Аптеки (МСС код: 5912)
47.75 Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати во специјализирани продавници (МСС код: 5977)
47.81 Трговија на мало со џрана, пијалаци и тутунски производи на тезги и пазари
47.82 Трговија на мало на тезги и пазари со текстил, облека и обувки
47.89 Трговија на мало со други стоки на тезги и пазари
47.91 Трговија на мало преку пошта и интернет
47.99 Друга трговија на мало вон продавници, тезги и пазари
96.02 Фризерски салони и салони за разубавување (МСС код: 7230)
96.09 Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место (МСС код: 8999)
– Граѓани запишани во регистарот за угостителска дејност од мал обем за вршење услуги за издавање легла
за гости-туристи во домашно сместување (МСС код: 7011; 6513).

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …