ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА НА ФОНДОТ НА ПИОМ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија воспостави нова услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на барање до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото барање се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет.

Придобивки од услугата Е-пристап

Придобивките за Фондот од услуга Е-пристап се од повеќе аспекти, со што се зголемува транспарентноста на податоците и информираноста на осигурениците и истите се  достапни за осигурениците 24 часа во текот на денот. Со Е-пристапот ќе се намалат гужвите пред шалтерите за издавање на прегледи, а ќе се намалат и трошоците за хартија, додека пак, вработените ќе можат да бидат ангажирани на други работни задачи.

Фондот ќе го задржи и досегашниот начин на издавање на прегледите за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување во хартиена форма за оние осигуреници кои немаат Е-пристап, непосредно преку службите за матична евиденција во филијалите и деловниците на Фондот, со документ за лична идентификација.

Check Also

НАЈАВА ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ БР.2/2018-8 ЧАСА МЕСЕЦ АПР – МАЈ ЕДНОДНЕВНА ПРОГРАМСКА ЕДУКАЦИЈА

Ве информираме дека ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС, како акредитирано друштво за КПУ, најавува еднодневно Континуирано Профeсионално Усовршување Бр.2/2018-8 КПУ часа во месец Април и Мај 2018 година, со следниот распоред:

Виница Хотел “Александар Парк” 26.IV.2018
Гостивар Хотел “Бунар” 02. V.2018
Скопје Хотел “Континентал” Сала “Клуб Фонтана” 03. V.2018
Битола Хотел “Епинал” 04. V.2018
Охрид Хотел “Милениум Палас” 07. V.2018
Струмица Хотел “Вила Парк” 08. V.2018
Португалија Хотел “Praia” Назаре и Хотел “Marriott” Лисабон 10-15.V.2018