Минимална плата за 2016 година

Согласно член 4 од Законот за минимална плата (“Службен весник на РМ” 11/12; 30/14; 180/14; 81/15; 129/15), висината на минималната плата за 2016-та година  ќе изнесува:

  • 10.080,00 денари нето износ,
  • 14.223,00 денари – бруто износ,

додека во одделите:

– производство на текстил

– производство на облека и

– производство на кожа и слични производи од кожа, висината на минималната плата за 2016-та година ќе изнесува:

  • 9.000,00 денари – нето износ и
  • 12.579,00 денари – бруто износ.

НАПОМЕНА: Стапките за пресметка на придонеси од задолжително социјално осигурување за 2016-та година остануваат непроменети и истите изнесуваат:

  1. Придонес за пензиско и инвалидско осигурување:  18%
  2. Придонес за задолжително здравствено осигурување:  7,3%
  3. Дополнителен придонес за задолжително здравствено
    осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување:  0,5%
  4. Придонес за осигурување во случај на невработеност:  1,2%.

Check Also

Податоци за плата за месец Септември 2018 година

Во прилог податоци за плата за месец Септември 2018 година. Податоци за плата за Септември …