НАЧИН НА ПРЕДВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИ АКОНТАЦИИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (МДБ) ЗА 2020 ГОДИНА

До Управата за јавни приходи, доставени се прашања од даночни обврзници во насока на предвремено плаќање на месечните аконтации за данок на добивка (МДБ) за 2020 година, имајќи го предвид развојот на состојбите од ширењето на Ковид-19 (корона вирус) во Република Северна Македонија, а со цел придонес за поголема ликвидност на Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници кои во духот на општествено одговорно работење однапред сакаат да ги уплатат аконтациите на данок на добивка за 2020 година, дека истото може да го сторат со пресметување на годишниот износ на обврската согласно евиденциите кои ги водат и исплатата да ја извршат на сметка (840-ххх-01076 и П.Ш. 711212). Предвремената уплата ќе се пребива со износот на месечните обврски по основ на данокот на добивка (МДБ) кои ќе бидат генерирани на месечно ниво.

Корисни информации:

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …