НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ

Согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите на работодавачот – МЕДИУМ, за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум со комплетно БАРАЊЕ за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (ОБРАЗЕЦ БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН Oбразец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра –  630.

За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на клиентски софтвер .

Check Also

НАПИС ОД ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ БР.6/2020 ЗА ФИНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО ТЕКОТ И ВО ПОСТ COVID-19 ПЕРИОДОТ

Финансиска поддршка- Инвестиции