Нова Уредба за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од КОВИД19 заради исплата на платите за Април и Мај 2020 година

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ 111/2020 објави Нова Уредба со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID 19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (финансиска поддршка до 14.500,00 по вработен за исплата на плата).

Со Новата Уредба:

– се создаваат услови за претворање на финансиската поддршка во ГРАНТ (неповратна финансиска поддршка за компаниите до 250 вработени), со исполнување на новововедени услови – да имал добивка по оданочување во последниоте 2 години, да не бил на Листата должници на јавни давачки објавена од УЈП во моментот на поднесување на Барањето за поддршка, не е во листата на кредитни должници заклучно со 29.02.2020 и кој ќе докаже дека поддршката ќе ја користи за инвестиции во вработени, оперативни подобрувања во компанијата и за продуктивен капитал;

– намалувањето од 30% се смета само од приходите од редовните активности (оперативните приходи) и ги исклучува нередовните вонредни приходи од 2019;

– се дозволува процентуално намалување на бројот на вработените до јули 2020 за 15% до 50 вработени, 10% од 51 до 250 вработени и 5% над 250 вработени;

– се продолжува рокот на поднесување до 7-ми наредниот за платата од претходниот месец;

– објавени се новите шифри за МПИН;

– исплатаа се врши до 10-ти во месецот, односно во рок од 5 дена од прифатениот и одобрен МПИН;

Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID 19, заради исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година. Оваа Уредба стапува на сила со денот на објавувањето, односно од 28 април 2020 година. Со стапувањето на сила на оваа Уредба престанува да важи Уредбата која беше објавена во („Службен весник на РСМ“ 93/2020; 97/2020).

Во прилог: Нова Уредба за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од КОВИД19 заради исплата на платите за Април и Мај 2020 година

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …