НОВИ ПРОТОКОЛИ ЗА ОТВАРАЊЕ И РАБОТА НА ТЕРЕТАНИТЕ, ФИТНЕС КЛУБОВИТЕ, КАФЕТЕРИИТЕ, МОЛОВИТЕ И СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ОТВАРАЊЕ НА  АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД 

Со измена на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот КОВИД-19  објавена  во Службен весник на РСМ бр.170/19 и која стапи во сила од 23.06.2020 година, се воведоа нови ПРОТОКОЛИ за отварање и работа на теретаните, фитнес клубовите, моловите и сите гранични премини на РСМ и аеродроми.

НАЧИН НА РАБОТА И УСЛОВИТЕ ПОВРЗАНИ СО РАБОТА  НА ВЕЖБАЛНИ-ТЕРЕТАНИ И ФИТНЕС КЛУБОВИ 

Од 26 јуни 2020 година активностите, начинот на работа и условите поврзани со работа со посетители на вежбални – теретани и фитнес клубови, се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за работа на вежбални – теретани и фитнес клубови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден како (Прилог бр. 28) во Одлуката.

Прилог број  28 ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА ВЕЖБАЛНИ-ТЕРЕТАНИ И ФИТНЕС КЛУБОВИ 
1. На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.
2. Поставена дезбариера на влез во клубот и безконтакно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.
3. На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на простории, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна дезинфекција на подот.
4. Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите.
5. При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кои    содржи 70% алкохол.
6. Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време.
7. Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.
8. Корисниците на услуги, задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот.
9. Користењето на заедничките помошни простории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е     обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба.
10. Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно 10м2 по корисник.
11. Опремата, справите и реквизитите задолжително да се дезинфицираат после секој корисник.
12. Во случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптоми (температура, кашлица и сл.) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.
13. Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица)       одговорното лице е должно веднаш да го отстарни лицето од просториите на клубот.

ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА КАФЕТЕРИИТЕ 
Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите во Република Северна Македонија, со посетители, со задолжително почитување на новиот Протокол за отварање и работа на кафетерии од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, даден како (Прилог бр.7) од Одлуката.

Прилог број 7 ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА КАФЕТЕРИИ 
1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
2. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
3. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
5. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2м со соседните маси во сите правци.
6. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
7. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
8. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
9. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.
10. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.
11. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
12. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
13. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
14. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
15. Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот.

ОТПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА И РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА МОЛОВИТЕ 
Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа и работни активности моловите на територија на Република Северна Македонија, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на молови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, даден како (Прилог бр.5)  од Одлуката.

Прилог број 5 ПРОТОКОЛ ЗА РЕДОВНА РАБОТА НА МОЛОВИТЕ 
1. Работно време од 10:00 до 22:00.
2. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.
3. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.
4. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 – 2м.
5. Поставени на јасно видливи места, едукативно – информативни материјали за почитување на заштитните  превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки.
6. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8м² – 10м² продажен простор, по еден купувач.
7. Задолжително одржување на редот за влез во продавницата.
8. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете.
9. Во продавниците за облека, гардеробите за пробување на облека доколку се повеќе на број, да се стават во функција со запазување на физичкото растојание од минимум 1,5м.
10. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5- 2м меѓу касите.
11. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5м меѓу купувачите.
12. Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05%      натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за  дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
13. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ОТВАРАЊЕ И РАБОТА НА УГОСИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ И РЕСТОРАНИ ВО МОЛОВИТЕ
Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа угостителските објекти и ресторани во моловите кои вршат подготовка и продажба на храна, со посетители, со задолжително почитување на новиот Протокол за отварање и работа на угостителските објекти за исхрана од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство дадени како (Прилог бр.8) од Одлуката.

Прилог број 8 ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ЗА ИСХРАНА 
1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
2. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.
3. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
4. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
5. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче  од 1,5-2м со соседните маси во сите правци.
6. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
7. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
8. Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5м.
9. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
10. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
11. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси  според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
12. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според  упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.  Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за проведеното чистење  и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
13. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за  еднократна употреба.
14. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
15. Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот.

ОТВАРАЊЕ НА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ  
Од 26 јуни 2020 година се отвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, без досега воспоставените услови, процедури и мерки.

ОТВАРАЊЕ НА  АЕРОДРОМИ 

Од 1 јули 2020 година се отвора за сообраќај: – Меѓународниот Аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродром, со задолжително почитување на Протоколот за управување со Меѓународниот Аеродром Скопје за време на пандемија, од ТАВ Македонија ДООЕЛ даден како (Прилог бр.30) од Одлуката, и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид и граничниот премин на овој аеродром, со задолжително почитување на Протоколот за управување со аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за време на пандемија, од ТАВ Македонија ДООЕЛ даден какао (Прилог бр.29) од Одлуката.

 

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …