НОВИ УРЕДБИ

Почитувани,

Со последните измени во Законската регулатива кои се однесуваат на мерките против ширењето на COVID-19, од 01.04.2020 година стапуваат на сила две Уредби кои ќе траат до завршувањето на вонредната состојба.

  1. Првата Уредба се однесува за престанување на примената на Законот за извршување со кој се прекинуваат задршките од платите на вработените, освен за задршките кои се изземени со Уредбата, односно задржувањето продолжува за извршни дејствија:

– во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

– распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови,

– дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба,

– примање на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања за извршување,

– изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите,

– изготвување на налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и

– изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

  1. Втората Уредба се однесува за субјектите (приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник) кои можат да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг, кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување, заклучно со 30 јуни 2020 година.

Олеснувањето се однесува на приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник  и кои треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување заклучно со 30 јуни 2020 година.

Во прилог Уредба за Законот за извршување во вонредна состојба и Уредба за примена на Законот за акцизи во вонредна состојба, објавени во “Службен весник на РСМ“ бр.85/2020 од 01 април 2020 година.

 

Врз основа на член 126, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36, став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 25 март 2020 година, донесе

 У Р Е Д Б А

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА

ИЗВРШУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16, 142/16 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/20) нема да се применува во периодот од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Член 2

Во периодот од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 јуни 2020 година, извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

– во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

– распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови,

– дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба,

– примање на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања за извршување,

– изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите,

– изготвување на налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и

– изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Работодавaчите на должниците, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со член 1 од оваа уредба со законска сила.

По поднесените приговори за незаконитости при извршувањето согласно член 86 од Законот за извршу-вање, основните судови во Република Северна Македонија, се должни да донесат решенија, а Апелационите судови да одлучат по поднесените жалби против решението на судот по приговор согласно член 87 од Законот за извршување, заради создавање услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 април 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ

ЗА АКЦИЗИТЕ* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

 Член 1

Законот за акцизите* („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19, 143/19, 225/19 и 275/19) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За рокот за поднесување на гаранцијата за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување заклучно со 30 јуни 2020 година.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …