Обврска за доставување на тромесечни извештаи за јавните претпријатија

Согласно измената на член 5 од Законот за јавни претпријатија, објавени во “Службен весник на РМ” 14/18, јавните претпријатија се должни:

  • да ги доставуваат до основачот усвоените тримесечни извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, најдоцна 20 дена по истекот на тримесечјето (20 јули 2018 година);
  • по усвојување на тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, од страна на управниот одбор на јавното претпријатие, истиот да го објави на својата веб страница најцоцна 30 дена по истекот на тримесечјето (30 јули 2018 година).

Напомена: Јавните претпријатија кои немаат веб страница, извештајот се должни да го објават на веб страницата на основачот.

Check Also

Обврска за регистрација во Е-ПДД системот за досега нерегистрирани физички лица

Обврска за регистрација во системот на е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот …