Обврска на самостојните вршители на дејност и трговци поединци кои прв пат започнуваат дејност во 2018 година

Со измените и дополнувања во член 97-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ”, бр.190/17) пропишано е дека обврзникот кој започнува да врши самостојна дејност месечните аконтации на персоналниот данок на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето плата по работник во Република Македонија објавена во Јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Самостојните вршители на дејност, трговци поединци кои дејноста отпочнале да ја вршат во 2018 година, имаат обврска аконтациите на персоналниот данок на доход до крајот на годината, да ги пресметуваат и плаќаат на основица од 11.598 денари (50% од 23.196 денари), најдоцна до 15-ти во тековниот за претходниот месец.

Check Also

Податоци за плата за месец Септември 2018 година

Во прилог податоци за плата за месец Септември 2018 година. Податоци за плата за Септември …