Ослободување од плаќање на аконтации за ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД и ДАНОК НА ДОБИВКА

Продолжува ослободувањето од плаќање на аконтации за ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

Во Службен весник на РСМ бр. 169/2020 година се објави измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба која стапи во сила на 22 јуни 2020 година.
Обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои имаат претрпено штети во своето работење заради ширењето на Коронавирусот КОВИД-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците Март, Април, Мај, Јуни и Јули 2020 година.
Со измените на Уредбата се пропиша и ново Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност – Образец ДЛД – ОМА.

Продолжува ослободувањето од плаќање на износот на Аконтации за ДАНОК НА ДОБИВКА

Во Службен весник на РСМ бр. 169/2020 година се објави измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба која стапи во сила на 22 јуни 2020 година.
Обврзниците на данокот на добивка, а кои имаат претрпено штети во своето работење заради ширењето на Коронавирусот ЦОВИД-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците Март, Април, Мај, Јуни и Јули 2020 година.
Со измените на Уредбата се пропиша и ново Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка– Образец ДД – ОМА.

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …