ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО НАРЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

Согласно соопштението од Управата за јавни приходи, објавено на ден 22.11.2018 година, е наведено дека  со новиот Закон за личен доход се предвидува, во наредните 7 години да се одложи обврската за доставување на Годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година, пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.

Check Also

Коефициент на МДБ за Јуни 2019 година

Врз основа на член 44 од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на Р …