Поднесување Барање за паушално оданочување со персонален данок до 31.12.2015 година

Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход.
Барањето поднесете го до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник.

Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност (СВД)
За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2016 година, покрај тоа што треба да го поднесете Барањето ПДД-П најдоцна до 31 декември 2015 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:

  • да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);
  • да не вработувате други лица;
  • во дејноста да не вложуваат и други лица; и
  • да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две годишни просечни плати.

Повеќе информации на страната на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/539

Check Also

Коефициент за МДБ за Април 2018 година

Врз основа на член 44 од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на Р …