ПОДНЕСУВАЊЕ БAРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Почитувани,

Управата за јавни приходи објави дека, врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, работодавачите имаат можност за користење на субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правотото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето на барањето.

Начинот на пополнување на Барањето Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Корисни информации:

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …