Поднесување на Барање за пренесувањена искажаната загуба – (Образец ДД-01) до 31.03.2020 година

Правното лице кое во изминатата годин остварило финансиска загуба во Биланс на успех, поднесува (Образец ДД-01) со цел да се оствари правото на намалување на даночната основа во идните пресметковни периоди.

Барањето за пренесување на искажана загуба (Oбразец “ДД-01“) се однесува за даночен период од три години, кој започнува по годината во која загубата е искажана.

Барањето се поднесува со цел за намалување на даночната основа во даночниот биланс за оданочување на добивката, за износот на пренесената загуба на товар на добивката во идните пресметковни периоди  (период од три последователни години по годината во која е искажана загуба).

Барањето “ДД-01“ даночниот обврзник го доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма  преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 март во годината што следи, по годината во која загубата е искажана.

(Преземи ОБРАЗЕЦ ДД-01)

Check Also

ВИСИНА НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 89/2020 објави Уредба со законска сила …