ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА И ПЛАЌАЊЕ НА ДДВ ЗА МЕСЦ АПРИЛ 2020 ГОДИНА ДО 31 МАЈ 2020 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ

Согласно одредбите на член 2-д став 4 од Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (“Службен Весник на РСМ” 108/20), рокот за поднесување на даночната ДДВ пријава (образецот “ДДВ-04) и за плаќање на ДДВ за даночниот период од 1 Април 2020 до 30 Април 2020 се одложува за време на вонредната состојба до 31 Мај 2020 година.

Check Also

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

  За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија …