Последна објава на ИСОС во врска со поднесување документи од јавен повик бр. 001/16

ОБЈАВА ОД ИСОС ОД 29,09,2016

 

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве известува дека поради ширење дезинформации се креира забуна за потребната документација по објавениот јавен повик за достава на документација.

Напоменуваме дека НЕМА ПРОПИШАНО БАРАЊЕ (образец) ЗА ОВОЈ ПОВИК  и документацијата не се доставува за упис во регистар на сметководители како што дезинформираат одредени консултанти, туку се доставува за упис во Институтот за стекнување уверение. Воедно истото се прави со цел скратување на постапката и трошоците на сметководителите како  не би ги доставувале повторно документите кои веќе еднаш ги доставиле до Министерството за финансии.

Согласно истото Ве молиме да ги следите единствено објавите во Јавниот повик и пропишаните документи од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители.

Со почит,

ИСОС

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Check Also

Обврска за регистрација во Е-ПДД системот за досега нерегистрирани физички лица

Обврска за регистрација во системот на е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот …