Потсетување

Почитувани,

Ве потсетуваме дека најкасно до утре 31.01.2018 година (среда), сите трговци поединци – сметковoдители, трговци поединци – овластени сметководители и друштва за вршење на сметководствени работи согласно член 23 од Законот за вршење на сметководствени работи, имаат обврска до Институтот на сметководители и овластени сметководители да достават:

  • Список на вработени лица како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот како и
  • Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износ утврден во член 21 став 2 точка 5 од Законот за вршење на сметководствени работи.

Доколку не се достави список на лица и доказ за годишно осигурување од штета во член 45 став 1 точка 3 од Законот, предвидена е глоба во износ од 4.000 евра во денарска притиввредност за трговецот – поединец – сметковдител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи и глоба во износ од 30% од одмерената глоба за одговорното лице.

Check Also

НАЈАВА ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ БР.2/2018-8 ЧАСА МЕСЕЦ АПР – МАЈ ЕДНОДНЕВНА ПРОГРАМСКА ЕДУКАЦИЈА

Ве информираме дека ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС, како акредитирано друштво за КПУ, најавува еднодневно Континуирано Профeсионално Усовршување Бр.2/2018-8 КПУ часа во месец Април и Мај 2018 година, со следниот распоред:

Виница Хотел “Александар Парк” 26.IV.2018
Гостивар Хотел “Бунар” 02. V.2018
Скопје Хотел “Континентал” Сала “Клуб Фонтана” 03. V.2018
Битола Хотел “Епинал” 04. V.2018
Охрид Хотел “Милениум Палас” 07. V.2018
Струмица Хотел “Вила Парк” 08. V.2018
Португалија Хотел “Praia” Назаре и Хотел “Marriott” Лисабон 10-15.V.2018