ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2020 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР (МПИН)

1. Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2020 година, се променети и тоа за следните придонеси:

  • Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување – 18,8%
  • Придонес за задолжително здравствено осигурување – 7,5%
  • Придонес за вработување – 1,2%
  • Придонес за осигурување во случај на невработеност – 1,2%
  • Дополнителен придонес за здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување – 0,5%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци – 9,4%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци – 7,83%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци – 6,27%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци – 4,7%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци – 3,13%
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци  – 1,57%(види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)

2. Даночно намалување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.
    (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).

3. Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2020 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2019 година), преку веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Check Also

НОВИ УРЕДБИ

Почитувани, Со последните измени во Законската регулатива кои се однесуваат на мерките против ширењето на …