ПРИМЕНА НА РАМЕН ДАНОК ОД 01.01.2020 ДО 31.12.2022 ГОДИНА

Почитувани,

Согласно измената на Законот за данок на личен доход објавена во (“Службен весник на РСМ” 275/19), од 01 јануари 2020 година ќе се применуваат измените на Законот со кој се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход.

Следните 36 месеци:

  • Доходот од работа;
  • Доходот од авторски сродни права;
  • Доходот од преработка на сопствени земјоделски производи, ќе се оданочуваат со стапка од 10%.

Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15%, што значи дека ќе се оданочуваат со 10%:

  • Доходот од закуп и подзакуп;
  • Доходот од права на индустриска сопственост;
  • Капитални добивки;
  • Доходот од капитал;
  • Доходот од осигурување;
  • Друг доход.

Единствено данокот на доход од игри на среќа ќе се оданочува со 15%.

Check Also

Податоци за плата за ЈАНУАРИ 2020 година

Во прилог податоци за плата за месец ЈАНУАРИ 2020 година (Податоци за плата за Јануари 2020.pdf)