ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗАШТИТА ПРИ ВЛЕЗ ВО ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ ВО ТРГОВИЈАТА И ПО ПРЕСТАНОК НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Почитувани

Во “Службен весник на РСМ” бр. 134/2020 година се објавија измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба (“Службен весник на РСМ” 103/20 и 107/20), кои стапија во сила на 22 мај 2020 година, а кои се однесуваат за продолжување на мерките за задолжителна заштита при влез во продажни објекти во трговијата и 200 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.
Во продолжениe Ви ја презентираме целосно Уредбата за примена на Законот за трговија за време на вонредна состoјба .

Уредбата
со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба
(Службен весник на РСМ бр. 103/20; 107/20; 134/20).

Член 1

Законот за трговија (Службен весник на Р.М. (16/04; 128/06; 63/07; 88/08; 159/08; 20/09; 99/09; 105/09Ш 115/10; 158/10; м36/11; 53/11; 148/13; 1645/13; 97/15; 129/15; 53/16; 111/18; 120/18), ќе се применува за време на траење на вонредна сосотојба доклоку со оваа уредба се законска сила не е поинаку уредено.
За поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало-продавници, самопослуги, маркрти, пекари, дуќани и слично (во понатамошен текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.
Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.
Ознаките од став 2 на овој член се поставуваат на растојание од два метри и тоа: пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.
Во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни.
Во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Член 2-а

Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот.
Вработените лица се должни заштитната опрема од ставот 1 на овој член да ја носта за времетраењето на работното време.

Член 3

Државниот пазарен инспекторат ќе врши инспекциски надзор, а пропишаните глоби ќе се изрекуваат додека траат одредбите од оваа Уредба со законска сила:

Член 4

Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци, ќе се изрече за прекршок на трговецот ако постапува спротивно на одредбите од член 2 и член 2-а став 1 на оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 50 евра во денарска противредност за вработеното лице ќе се изрече за прекршок ако постапува спротивно на одредбите од од член 2-а став 2 на оваа уредба со законска сила.

Член 4-а

Одредбите на членовите 2, 2-а, 3 и 4 од оваа уредба со законска сила се применуваат за време на траење на вонредната состојба, како и 200 дена по престанување на траење на вонредната сосотојба.

Член 5

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на РСМ”
23.05.2020

 

Check Also

СРЕДА, 15 ЈУЛИ Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

ПОЧИТУВАНИ! Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, Е НЕРАБОТЕН ДЕН …