Продолжување на роковите за поднесување на ддв-04 и годишните извештаи

Поради отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи на системот е-даноци, управата за јавни приходи ги продолжи роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и годишните  извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ). Во прилог ви го пренесуваме Соопштението на управата за јавни приходи во целост.

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат, и тоа:

  • за ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување 25.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавите ќе се смета 01.02.2017 година.
  • за Годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ), крајниот рок за поднесување 31.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи ќе се смета 07.02.2017 година.

Check Also

ДОНЕСЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Објава-Минимална плата