ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, “ДЛД-ДБ”И “Б” ОБРАЗЕЦ И ГОДИШНИ СМЕТКИ И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА 2019 ГОДИНА ДО 24 МАРТ

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДЛД-ДБ”и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).

Идентичен став по ова прашање зазема  и Централниот регистар на РСМ , чија што Одлука за продолжување на рокот за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, до 24 март 2020 година, дополнително ќе биде објавена.

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …