ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ (ОБРАЗЕЦ БФП-ИП) КОЕ Е ДОСТАПНО НА Е-ДАНОЦИ

Почитувани,

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.

Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …