РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ ПРИЈАВАТА

Согласно член 73 од Законот за даночна постапка (Службен весник на РСМ бр.13/06..275/19)  е дефинирано дека за пресметување на рокови и одредување на термини важат одредбите на Законот за општата управна постапка, каде согласно член 45 од Законот за општа управна постапка (Службен весник на РСМ бр.124/15..76/20)  ако последниот ден на рокот паѓа во неработен ден или на државен празник, или во друг ден кога јавниот орган пред кого треба да се преземе дејствието не работи, рокот истекува на првиот нареден работен ден.

Според тоа доколку рокот до кога треба да се поднесе даночната пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден.

Бидејќи 25. 07. 2020 година е неработен ден САБОТА, рокот за поднесување на ДДВ пријавите се поместува до  27.07.2020 година (Понеделник).

  • Сепак  препорачливо е  даночните обврски да се исполнат пред навршувањето на крајните рокови заради избегнување на затезните камати.

Check Also

НАПИС ОД ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ БР.6/2020 ЗА ФИНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО ТЕКОТ И ВО ПОСТ COVID-19 ПЕРИОДОТ

Финансиска поддршка- Инвестиции