УРЕДБИ ОБЈАВЕНИ СО СЛУЖБЕН ВЕСНИК СО ПРИМЕНА ОД 26.03.2020 КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВРЕМЕНИТЕ МЕРКИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОВИД19

Следните Уредби се со примена од 26.3.2020 година:

  1. Уредба за примена на Закон за данок на на личен доход за време на вонредна состојба

За ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за обврзниците кои остваруваат доход од самостојна дејност за време на траење на вонредната состојба се применуваат од-

редбите од оваа уредба со законска сила.

Обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои имаат претрпено штети во своето работење заради ширењето на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Користењето на правото од ставот (1) на овој член се однесува на обврзниците за данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: Угостителска дејност (шифра 56-дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79-Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50-Воден транспорт и шифра 51-Воздухопловен транспорт) и кои ги исполнуваат следниот услов:

– Даночниот обврзник-работодавач да не го намали  бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Користењето на правото од ставот (1) на овој член се однесува и на други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, под условот од ставот (2) на овој член, кои имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија, доколку исполнуваат еден од следните услови:

– вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

– бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од ставот (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или

– даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото од ставот (1) на овој член даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност до Управата за јавни приходи.

Формата и содржината на Барањето од ставот (4) на овој член е дадено во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член, се врши преку системот е-персонален данок на даход на Управата за јавни приходи, а приемот на комплетното барање од ставот (4) на овој член го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на барањето.

Даночниот обврзник кој го искористил правото од ставот (1) на овој член, а не ги исполнил условите од ставот (2), односно од ставот (3) на овој член, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на доход од вршење на самостојна дејност што не ги платил и камата согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба.

Барање во прилог ДЛД-ОМА

  1. Уредба за примена на Закон за данок на добивка за време на вонредна состојба

За ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на траење на вонредна состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Користењето на правото од ставот (1) на овој член се однесува на даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2: угостителска дејност (шифра 56-Дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79-Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50-Воден транспорт и шифра 51-Воздухопловен транспорт) и кои ги исполнуваат следните услови:

– да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник,

од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето од ставот (1) на овој член (15 јуни 2020 година) и

– даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Користењето на правото од ставот (1) на овој член се однесува и на други даночни обврзници, под условите од ставот (2) на овој член, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија, доколку исполнуваат еден од следните услови:

– вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

– бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од ставот (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или

– даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото од ставот (1) на овој член даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка до Управата за јавни приходи.

Формата и содржината на Барањето од ставот (4) на овој член е дадено во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член, се врши преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи, а приемот на комплетното барање од ставот (4) на овој член го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 15 дена од денот на доставување на барањето.

(7) Даночниот обврзник кој го искористил правото од ставот (1) на овој член, а не ги исполнил условите од ставот (2), односно од ставот (3) на овој член, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на добивка што не ги платил и камата согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба.

Барање во прилог ДД-ОМА

  1. Уредба за примена на Закон за трговските друштва за време на вонредна состојба

За свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

За акционерските друштва, кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување годишно собрание на акционери и за друштвата за ограничена одговорност кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување со-

бир на содружници, нема да се одржи годишно собрание на акционери, односно нема да се одржи собир на содружници, за време на траењето на вонредната состојба.

Започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собир на содружници, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

  1. ОГРАНИЧЕНА ГОРНА ВИСИНА НА ТРГОВСКА МАРЖА ЗА ЈУЖНО ОВОШЈЕ ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНИТЕ МЕРКИ

Согласно одредбите од Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ 71/2020 и 75/2020), за трговијата со агруми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, е максимирана и трае до завршувањето на вонредната состојба.

Маржата за  за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%.

Маржата за  за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.

Врз основа на член 30 став 1, алинеја 1 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13 ,97/15, 129/15, 53/16 и 120/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 20 март 2020 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА

ОДДЕЛНИ СТОКИ

 

Член 1

Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805.

Највисоката трговска маржа за стоките од ставот 1 на овој член, за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, односно до 15% во трговијата на мало.

Член 2

Највисоката трговска маржа на стоките од член 1 на оваа одлука ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

 

  • Напоменуваме дека Одлуката за вонредна состојба стапи на сила на 18.03.2020 и истата важи 30 дена (18.04.2020 година)

5. Одлуката за датирање на задршките од плата по основ на Законот за извршување се уште не е објавена

Check Also

Oдлука за кафетериите и угостителските објекти

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење …