Финансиска поддршка за пораст на плати во повисок износ од минимална плата

Согласно измената на Законот за минимална плата објавена во (“Службен весник на РМ” 140/2018), од 30 јули се воведе мерка за финансиска поддршка за пораст на платите во повисок износ од минималната плата.

Целта за воведување на финансиска поддршка е поттикнување на работодавачите за исплата на плата на работниците во повисок износ од минималната плата.

Поддршката ќе се исплаќа за период јули – декември 2018 година, а ќе се добива по исплата на плата за месецот за кој ќе се обезбеди поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

Во МПИН пресметката со посебна шифра пропишана од УЈП, ќе се означуваат работниците за кои работодавачот бара финансиска поддршка.

Check Also

Обврска за регистрација во Е-ПДД системот за досега нерегистрирани физички лица

Обврска за регистрација во системот на е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот …