Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 89/2020 објави Уредба со законска сила за примена на Законот за облигационите односи (“Службен весник на РСМ” 18/01; 4/02; 05/03; 84/08; 81/09; 161/09), за време на вонредната состојба со која се определува висината на стапката на казнената камата за време на вонредната состојба.

За времетраење на вонредната состојба, стапката на казнената камата се определува на МЕСЕЧНО НИВО и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за:

–  5% (пет) процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за

–  4% (четири) процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на ЕДНОМЕСЕЧНА стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за:

–  5% (пет) процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за:

–  4% (четири) процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

ПРЕГЛЕД НА ВИСИНА НА СТАПКА НА КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

ПериодРеферентна каматна стапкаКазнена камата правно и правноКазнена камата правно и физичкоOбјава на НБРМСтапка на EURIBORправно и правноправно и физичко
123=(2+5%)4=(2+4%)567=(6+5%)8=(6+4%)
03.04 до 30.04.20201,75%6,75%5,75%31.03.2020-0,423%4,577%3,577%
01.05 до 31.05.2020 1.75%6,75%5,75%30.04.2020-0,460%4,54%3,54%
01.06 до 30.06.20201.50%6,5%5,5%29.05.2020-0,482%4,518%3,518%