Почитувани,

Министерството за економија на РСМ објави Известување за вршење на трговија на мало во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови и пријава на работното време.
Во прилог Ви го презентираме Известувањето:

“Согласно последната објава на Законот за измени и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на Република Северна Македонија бр 295/21), трговијата на мало не може да се врши во недела, како и на државни празници и други празници освен кај исклучоците опфатени во став 5 на член 4 од именуваниот закон за трговија.

Под државни празници и други празници се мисли на членот 2 од Законот за празниците на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр. 21/98 и 18/07).

За државни празници се сметаат:

  • 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј”
  • Ден на сесловенските просветители;
  • 2 Август, Ден на Републиката;
  • 8 Септември, Ден на независноста;
  • 11 Октомври, Ден на народното востание;
  • 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
  • 8 Декември, “Св. Климент Охридски”

За празници се сметаат:

  • 1 Јануари, Нова година;
  • Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;
  • Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 Мај, Ден на трудот и
  • Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

За работа во недела, како и на државни празници и други празници, трговците на мало опфатени во став 5 на член 4 од Законот за измени и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на Република Северна Македонија бр 295/21), се должни да го пријават работното време на Централниот регистар на Република Северна Македонија најмалку 15 дена пред почетокот на работењето, односно пред измената на часот на почетокот и часот на завршувањето на работното време, времето за пауза и распоредот на работното време.

Продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и продавниците, киосци и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2, работното време за работа во недела, како и на државни празници и други празници треба да се пријави на Централниот регистер на Република Северна Македонија до 5 јануари во тековната година. Потврдата од Централен регистер се доставува за евиденција во Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

Tрговија на големо не смее во целост да се врши во недела, како и на државни празници и други празници.”