Согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите на работодавачот – МЕДИУМ, за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум со комплетно БАРАЊЕ за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (ОБРАЗЕЦ БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН Oбразец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра –  630.

За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на клиентски софтвер .