Член 1
Со оваа одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со следните стоки:
- Свежо овошје и
- Свеж зеленчук.
Највисоката трговска (профитна) маржа за стоките од став 1 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.
Член 2
Највисоката трговска (профитна) маржа на стоките од член 1 од оваа одлука ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од де- нот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Согласно Одлука, Највисоката трговска (профитна) маржа за свежо овошје и свеж зеленчук. за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.
Највисоката трговска (профитна) маржа на за свежо овошје и свеж зеленчук ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
