Во Службен весник на РСМ 163 од 16.06.2020 година објавена е измената и дополувањето на  Одлуката за мерките за спречување  на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19, со која Одлука  се пропишаа одредени  мерки и дозволи за започнување со работа на неколку бизнис сектори.

ОТПОЧНУВАЊЕ  СО РАБОТА НА ПЛИВАЧКИ БАЗЕНИ
Од 17 јуни 2020 година може да отпочнат со работа пливачките базени само за пливачките клубови во РСМ за организирање тренинзи, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на базените за пливачките клубови во Република С. Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Националната пливачка федерација, кој е даден во Прилог број 23 и е составен дел на Одлуката.

Види Прилог број 23

ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
Од 22 јуни 2020 година, активностите, начинот на работа и условите поврзани со работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кој е даден во Прилог број 24 и е составен дел на Одлуката.

Види Прилог број 24 

ОТВОРАЊЕ НА СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

Од 17 јуни 2020 година се отвораат сите гранични премини во Република С. Македонија за премин на патници и возила, согласно воспоставените услови, процедури и мерки, со задолжително почитување на протоколите за заштита (за државјани на РСМ со приложена медицинска потврда од РТ ПЦР САРС-КоВ-2 тест направен 72 часа пред влез во Република С. Македонија и задолжително упатување во 14 дневна домашна изолација, како и за странски државјани за кои Главниот координативен кризен штаб ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес и здравствени причини, или пак други оправдани причини за влез на територија на РСМ).

Со измените се отвораат и граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато кои беа затворени за транзит.