Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на Oбразецот ДДВ-04.

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на Oбразецот ДДВ-04 за даночниот период од (01.10.2020-31.12.2020) и (01.12.2020 -31.12.2020), се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета  29 јануари 2021 година.