Во Службен весник на РСМ бр. 140/2020 се објави измената и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ” бр.123/2020) која  влезе  во сила на 29 мај 2020 година, со која Измена и дополнување, се прецизира дека Уредбата за примена на Законот за трговски друштва во вонредна состојба се однесува на:

– Рокот за усвојување на ревидираните финанисиски извештаи од страна на собирот на содружници, односно собранието на друштво, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и друштва кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењерто на вонреднатра соастојба за  онолку денови колку што траела вонредната состојба:

– Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва (АД) и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност (ДОО), со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и на друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на РСМ, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на  вонредната состојба за онолку денови колку што траела вонредната состојба.