Почитувани,
Ве информираме дека ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС, организира советување – КПУ Бр.3/2021 – 8 КПУ часа во месец Септември/Октомвмри 2021 година, со физичко присуство со следниот распоред:
| Струмица | Хотел “Вила Парк” | 24 септември 2021 |
| Гостивар | Хотел “Бунар” | 27 септември 2021 |
| Охрид | Хотел “Милениум Палас” | 28 септември 2021 |
| Виница | Хотел “Александар Парк” | 29 септември 2021 |
| Скопје | Ресторан “Рагуза 360” | 30 септември 2021 |
| Битола | Хотел “Милениум” | 01 октомври 2021 |
| On-line советување | 05 октомври 2021 |
Почеток на предавањата од 10.00 часот.
Организирањето на советувањето со физичко присуство, ќе се одвива согласно важечките протоколи. Секој учесник ќе треба да приложи на редарската служба во објектот задолжителна потврда за извршена имунизација најмалку прва доза.
За учесниците кои неможат физички да присуствуваат ќе се одржи оn-line советување на 05 октомври 2021 година.
Теми на советувањето:
- Закон за заштита на лични податоци и обврски кои произлегуваат согласно законот;
- Предлог закон за вршење на сметководствени работи;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за трговија;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за трговски друштва;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за работни односи;
- Автентични толкувања на одредби согласно законот за вршење на сметководствени работи, данок на добивка и ДДВ.
Цена на советувањето:
- 2.360,00 денари со вклучен ДДВ 18%.
