За Еуроконсалт ПЛУС


 

 

 

 

 

 

• “ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС”


“ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС” е компанија која од основањето во 2003-та година на пазарот успешно е застапена на полето на консалтинг услугите од областа на правно и економско финансиското работење, и издаваштвото од наведените области.
Консалтинг услугите го покриваат сегментот од областа на легислативата – законските прописи кои се однесуваат на работењето на правните лица, од нивното основање до ликвидација, облигационите односи, трудово и работно право и останатите прописи кои се однесуваат на правните и физичките лица кои обавуваат дејност на тлото на Република Македонија.
Од областа на економско – финансискиот консалтинг предмет на работа претставуваат консалтинг услугите кои се однесуваат на економско – финансискиот и сметководствениот сектор.
Во делот на издаваштвото “ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС” е присутен со две публикации кои се наменети и во кои се разработуваат теми кои се однесуваат на правото, економско – финансиското работење и сметководствените работи.
Во “Деловни Информации” стручно списание кое излегува два пати месечно на А-5 формат со најновите деловни информации, за практична примена на прописите и актуелна тековна проблематика.
Разработува и третира најнова проблематика од економско финансиска и правна област, работни односи и претприемништво низ постојните и неколку нови рубрики:
1) Дилема;
2) Даноци, акцизи, придонеси и други давачки;
3) Сметководство и Ревизија;
4) Право и правна проблематика;
5) Нестопанство;
6) Финансии;
7) Банкарство и платен промет;
8) Девизно работење;
9) Самостојни вршители на дејност;
10) Нови прописи;
11) Плати и придонеси;
12) Јавни набавки;
13) Прашања и одговори;
14) Здравствени организации.
Предност се дава на актуелните содржини и новите законски промени, со акцент на практична имплементација во тековното работење.
Во “Сметководство Ревизија и Финансии Плус” – “СРиФ Плус” – Стручно списание за макро и микро економија за сметководство, ревизија, финансии, менаџмент, претприемништво и стопанска практика. Двомесечно издание со специјализирани рубрики од сметководство, ревизија, финансии, менаџмент, банкарство, комерцијално работење, работни односи, буџет и макроекономска политика.
Посебен осврт на даночната сфера од областа на акцизите, ДДВ (WAT), персонален данок на доход, данок на добивка, такси, придонеси и други фискални давачки и надоместоци.
Следењето на актуелните збиднувања во светот, регионот и во земјата, новите макроекономски движења и економско – финансиски показатели.
Исто така во текот на годината одржуваме неколку специјализирани советувања, од областа на даночната проблематика, новините во законските прописи, советувања за изготвување на годишна сметка и примената на Меѓународните Сметководствени Стандарди.

Во своето работење “ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС” за 2006-та година опслужува околу 800 комитенти, кои продолжуваат со соработка и во 2007-ма година.

Check Also

НАЈАВА ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ БР.2/2018-8 ЧАСА МЕСЕЦ АПР – МАЈ ЕДНОДНЕВНА ПРОГРАМСКА ЕДУКАЦИЈА

Ве информираме дека ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС, како акредитирано друштво за КПУ, најавува еднодневно Континуирано Профeсионално Усовршување Бр.2/2018-8 КПУ часа во месец Април и Мај 2018 година, со следниот распоред:

Виница Хотел “Александар Парк” 26.IV.2018
Гостивар Хотел “Бунар” 02. V.2018
Скопје Хотел “Континентал” Сала “Клуб Фонтана” 03. V.2018
Битола Хотел “Епинал” 04. V.2018
Охрид Хотел “Милениум Палас” 07. V.2018
Струмица Хотел “Вила Парк” 08. V.2018
Португалија Хотел “Praia” Назаре и Хотел “Marriott” Лисабон 10-15.V.2018