Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, со која се дозволува отпочнување со работа на кафетериите и угостителските објекти  во Република Северна Македонија од 28 мај 2020 година, со посетители, во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отварање и работа на кафетерии и Протоколот за отварање и работа на угосителските објекти за исхрана од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

  1. Протокол за отварање и работа на кафетериите:
  1. Ограничено работно време од 08:00-22:00 часот.
  2. Вработените во угостителскиот објект кои послу- жуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце .
  3. Се дозволува работа само на отворените делови – терасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
  4. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
  5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  6. Задолжително менаџирање при влегување на гос- тите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
  7. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
  8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица
  9. На една маса со четири столици може да се по- служуваат четири лица доколку се од исто семејство.
  10. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  11. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.
  12. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжи- телно пребришување на масите со средство за дезин- фекција кое делува на вируси според упатство од про- изводителот, по заминување на секоја тура на гости.
  13. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на ви- руси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% бе- лило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  14. Редовно одржување на тоалетите со задолжи- телно водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  15. Забрането е користење на сушачи за раце во то- алетите и задолжително користење на хартиени бриша- чи за раце за еднократна употреба.
  16. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.).
  1. Протокол за отварање и работа на угостителските објекти за исхрана:
  1. Ограничено работно време од 08:00-22:00 часот.
  2. Вработените во угостителскиот објект кои послу- жуваат задолжително носат заштитни маски и зачесте- но одржуваат хигиена на раце .
  3. Се дозволува работа само на отворените делови од угостителсите објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
  4. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужува- ат само гости кои може да седат и лица кои преку шал- тер ќе подигнуваат нарачки.
  5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  6. Задолжително менаџирање на влегување на гос- тите. Одредено одговорно лице пред влезот на угости- телскиот објект.
  7. На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
  8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  9. На една маса со четири столици може да се по- служуваат четири лица доколку се од исто семејство.
  10. Дозволен е маскимален број на 12 лица на спое- ни маси заедно со задолжително растојание помеѓу се- кој гостин од 1.5m.
  11. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  12. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна
  13. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребри- шување на масите со средство за дезинфекција кое де- лува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  14. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на ви- руси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% бе- лило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително во- дење на евиденција за спроведеното чистење и употре- ба на горенаведените дезинфекциони средства.
  15. Забрането е користење на сушачи за раце во то- алетите и задолжително користење на хартиени бриша- чи за раце за еднократна употреба.
  16. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).